Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро и претседателот на Венецуела Чавез работат на нова книга што ќе биде наскоро објавена, наведува кубанскиот блогер Фонтана.
Тој честопати прв ги објавува официјалните владини соопштенија. Меѓудругото остро ги критикува медиумите што информираа дека Кастро е на „прагот на смртта“, демантира, Кастро не е сериозно болен!
„Тоа е за вас, како и за креативните момци од ЦИА лоша вест, наведува Фонтана.
Повикувајќи се на неименувани извори, блогерот информира и дека Кастро будно го следи развојот на ситуацијата околу Еквадор, откако земјата му одобри азил на Асанж.
На 13-ти август Фидел Кастро го прослави својот 86-ти роденден, далеку од очите на јавноста. Неговото последно јавно појавување беше во март, кога се сретна со папата Бенедикт XVI, за време на неговата посета на Куба.