Нов рекламен простор што едноставно мора да мине низ сечии раце – тоалет-хартија!


Таман кога помисливме дека рекламите го достигнаа својот врв, маркетинг инвентивноста освојува нови области, поточно, WC-полињата, уште поточно – веднаш до WC школката:).

Браќата Брајан и Џордан Силверман се сетиле на локацијата за реклама од која нема бегање, направиле тоалет-хартија на која што може да се испечати реклама.

Очекуваат нивниот производ да се појави оваа есен во Њујорк, пренесуваат американските медиуми.

Прво оваа идеја му „паднала на ум“ на 22 годишниот Џордан во 2010 та година, (не се знае кај бил во моментот кога му текнало на ова:).

Неговиот 18 годишен брат на почетокот бил скептичен, но потоа увидел дека ваквиот начин на рекламирање навистина привлекува внимание.

Средствата за почнување на проектот им се веќе одобрени, а во план е и тоалет-хартија со бар-код што може да се отчита на мобилен телефон.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1