СДСМ сака предвремени избори заедно со локалните


Бранко Црвенковски по средбата со помошникот на заменикот на државниот секретар на САД Филип Рикер изјави дека би било глупост доколку има предвремени парламентарни избори тие да се одржат пред локалните.

Црвенковски не верува во искреноста на изјавите на Груевски дека коалицијата со ДУИ е во криза.

,, многупати имало слични изјави, но очекувам како и досега наводниот раздор во владејачки партии да заврши „со братска љубов. Сакам да опстане коалицијата меѓу Груевски и Ахмети за да можат граѓаните на следните парламентарни избори да ги казнат за лошата политика, изјави Црвенковски.

За Црвенковски, март 2013 година е најсоодветен датум за евентуално одржување на предвремени парламентарни избори.

„Првиот и најбрзиот можен момент за одржување на предвремени парламентарни избори е заедно со локалните избори во март месец. Сé друго е глупост. Глупост е во оваа земја да се одржуваат избори во интервал од два месецa. Да речеме, некои во ноември-декември, другите во март. Ако постои искрена определба за такво нешто, во март ќе се видиме на предвремени парламентарни избори”, изјави Црвенковски.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1