Aгенциите за вработување и регрутирање на Катар веќе од следната недела ќе може да ангажираат работна сила од Македонија, Босна и Херцеговина, Камбоџа и Виетнам, јавува Курир.
Помошник директорот во Министерството за имиграција и одделот за пасоши Мохамед Ал – Атик објаснил и дека овие земји од каде што ќе пристигнуваат работници биле посетени во изминатиот период со цел да се договорат неопходните формалности и процедури за регрутирање.
“Бројот на работници и собрарки кои ќе се регрутираат од овие земји ќе зависи од пазарните закони на понуда и побарувачка“, вели Фаваз ал – Рајис, директор на одделот за регрутирање при Министерството за труд.
Според договорот меѓу Катар и овие пет земји, доколку работите таму, би земале плата од 200 до 250 долари неделно. Инаку, наголем дел од вработените во катарските домови досега биле од Филипини
Меѓу македонските граѓани Катар и досега беше атрактивна дестинација. Тие во оваа земја заминуваа да работат како стујардеси, градежници, хотелски работници, готвачи
Сител