Катица Јанева куќниот притвор ќе го издржува во Гевгелија


Ниту тужителката Катица Јанева, ниту пак обвинетиот Бојан Јовановски не присуствуваа на почетокот на судењето во кое поранешната специјална обвинителка приватно го тужи Боки 13 за нелегално прислушување и фотографирање.

Рочиштето беше одложено поради тоа што Јовановски се наоѓа на болничко лекување. Јанева го сомничи дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја снимал и фотографирал. Овие фотографии подоцна беа искористени и како докази против Јанева во предметот Рекет, за што таа доби седумгодишна затворска казна. Адвокатот на Јанева посочи дека станува збор за 22 фотографии кои тој денеска ги достави до судот.

Воедно информираше дека од пред неколку дена, Јанева куќниот притвор го издржува во родната Гевгелија. Наредното рочиште по овој предмет е закажано за 19-ти октомври.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1