„Катимерини“: Постигнат е договор за името, опсегот на употреба и акронимите


Во три поглавја, за името, опсегот на употреба и акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина.

Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова демократија, која бара промена на Уставот, но „Скопје, преку континуираните интервјуа на премиерот Заев, реагира на можноста за промена на Уставот“.

– Според информациите, како излез од ситуацијата, Атина во меѓународниот договор што ќе се потпише меѓу Атина и Скопје, ако во преговорите има напредок, ќе предложи да е вклучена и една едноставна заложба за измена на Уставот и за „некој вид започнување на соодветните процедури“. Според истите извори постигнат е договор за три поглавја во разговорите. Поконкретно за името, опсегот на употреба (ерга омнес) и за акронимите, пишува „Катимерини“.

Според весникот, и покрај потешкотиите што постојат, Ципрас е цврсто посветен на решавање на проблемот, иако знае дека постои опасност за можни проблеми во Владата поради ставот на Панос Каменос.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1