Кавадарчаните кои во неделата го украдоа мајмунчето Лука од Зоолошката градина во Скопје имале криминално досие и против нив досега биле поднесени над 30 кривични пријави, јавува Макфакс.
Против кавадарчанката имало поднесено две кривични пријави за кражби, а против нејзиниот пријател поднесени биле дури 33 кривични пирјави, најмногу за кражби, но и за трговија со дрога, комјутерски криминал. Пријавените во понеделникот попладне го украдоа мајмунчето павијан од Зоолошката градина во Скопје, но беа фатени на пат кон Кавадарци.
Мајката изјави дека наводно го украле мајмунот за да му го подари на своето глувонемо дете за да го израдува, бидејќи секогаш кога ќе го видело се радувало.
Конечно се открива вистината за кражбата на мајмунчето Лука од скопската Зоолошка, која деновиве е топ тема која сите многу ги шокираше, јави Прес 24. Според најновите податоци, мајката од Кавадарци, Ивана Пендева Атанасова која вчера дојде од таму во Зоолошката во Скопје и го украде мајмунчето Лука, по што се качи во такси и замина од местото на настанот, веќе имала две кривични за извршени тешки кражби. И нејзиниот вереник, Спасе Најдов, кој беше соучесник во делото, зад себе има 33 кривични пријави од кои дваесетина се за претходно сторени тешки кражби.