Претседавачот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ влезе во расправа на социјалната мрежа „Твитер“ со Лука Мишетиќ, адвокат на хрватскиот генерал Анте Готовина, порачувајќи му оти „не е негов тип, бидејќи нема ничија крв на рацете“, јави Танјуг.
До расправата дошло по наводите на хрватскиот весник „Јутарњи лист“ дека Јеремиќ „лажел дека закажал расправа за Хашкиот трибунал во ОН“ за април 2013 година, по изрекувањето на ослободителните пресуди на Готовина и Маркач во Хашкиот трибунал, што српскиот дипломат го демантираше со аргументот дека расправата за која зборува весникот веќе е одржана на 15 октомври.
– Дали би прифатиле да ми бидете адвокат при потенцијалната тужба на „Јутарњи лист“ за клевета?, го праша Јеремиќ на „Твитер“ адвокатот на Готовина, на што тој му одговори дека нема да може, бидејќи е „преоптоварен со пишување на тужба за клевета против високиот претставник на ОН кој ја оспорува пресудата на сопствениот суд“.
– Знаев од почетокот дека нема шанси да Ве добијам, не сум Ваш тип. Немам ничија крв на рацете…, одговорил Јеремиќ.
Мишетиќ на тоа му одговори на Јеремиќ оти е точно дека не е негов тип, „бидејќи ги застапува само невините“.
– Извинете, недорзбирање. На профилот Ви пишува дека сте биле адвокат на Готовина. Не го сфатив како шега, но сега капирам, му порача Јеремиќ на Мишетиќ.
Миа