Казна 80 евра ако се пие на јавно место


Турскиот град Афион познат по своите термални извори и мак сега е познат и по тоа што е првиот град во Турција кои забрани конзумирање алкохол на јавно место. Оваа мерка ги загрижи оние делови на Турција кои на тоа гледаат како на мерка за исламизација на оваа земја.

Според новиот закон веќе не смее да се служи алкохол на терасите во кафулињата, пиење во паркови и на улица, пренесува AFP. Казната за прекршување на законот е 80 евра.

Алкохол може да се купи во 43 продавници кои имаат дозвола, а да се нарача и пие може само во една кафеана која има дозвола.

Сопственичка на локална пивница Фатих Панкар е единствена во градот која има дозвола да служи алкохол и тоа веќе 25 години, но вели муштериите избегнуваат да нарачуваат алкохол со оглед на новиот закон.

,, кога ќе го затворам локалот никој во овој град нема веќе да слижи алкохол, бидејќи властите веќе 15 години не доделиле ни една нова дозвола,, вели таа.

во градот на власт е AKP, партијата која е на власт во Турција, а опозиционата Републиканска народна партија е загрижена бидејќи на тоа гледа како на исламизација на овој дел од земјата.
,, малку по малку тие го менуваат нашето општество кое со децении го градиме и не враќаат наназад,, вели Јалчин Гергез од опозиционата партија.

Но оваа мерка не е шок за локалното население, кое е конзервативно

Ова и не е лошо, оние што пијат сега нема да фрлаат шишиња наоколу, а немам ништо против ако некој си пие дома,, вели еден локален жител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1