Казна за газдите кои прашуваат дали ќе раѓате или ако избркаат за време на бременост


Резултатите од истражување спроведено на 1.000 испитанички покажуваат дека на голем дел од нив, околу 22 проценти, при интервју за вработување им било поставено прашање дали планираат да забременат во наредниот период.

Околу 67 проценти од испитаничките сметаат дека одговорот на тоа прашање се одразил на одлуката на работодавачот дали ќе ја добијат или нема да ја добијат работата.

Со најновите измени на законот кои се подготвуваат се утврдува забрана за работодавачите при вработување од кандидатите да бараат тест за бременост или потврда за таков тест при склучување договор за работа со жена. Исто така, се предвидува забрана на сите облици на дискриминација, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост, раѓање или родителство. Доколку во такви случаи работникот добие отказ тој ќе биде ништовен.

Ако работодавец ја дискриминира жената поради мајчинство, таа треба да го пријави во трудова инспекција,  на телефонските броеви 15 131 и 15 505 кои се постојано отворени

Во случаите во кои на жената при вработување и се нуди спогодба дека идна бременост би значело и прекин на договорот за работа, работодавачот ќе биде казнет со парична казна од две до пет илјади евра.

Забраната за дискриминација важи и за веќе вработените жени. Тие не смеат да добијат отказ за време на бременост, породилно отсуство и родителство, освен, ако за тоа време не направиле некој криминал. Не може да биде избркан од работа ниту маж кој, наместо мајката, користи породилно боледување – вели министерот Ристовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1