Казни и за излижани зимски гуми- еве колку мора да бидат длабоки шарите


Полицијата интензивно ќе контролира дали поседувате зимска опрема оваа година. Оние кои имаат зимски гуми и кои низ градските средини нема да носат ланци во автомобилите ќе подлежат на строга контрола на полицијата, јавува Канал 5.zimski gumi

Сите чии гуми ќе бидат истрошени, а шарите ќе им бидат поплитки од 4 милиметри ќе бидат казнети. Зоран Ѓуроски од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата вели дека полицијата веќе има набавено специјални апаратчиња за мерење на длабочината на шарата.

Доколку немате зимски гуми, во вашето патничко возило мора да носите ланци. Во спротивно ќе бидете казнети со 45 евра или 25 казнени поени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1