Казни за работодавачите ако отпуштат од работа бремена жена


Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат. За отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа.Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца, од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место.

Се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.

Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1