Од 1000 до 2000 евра казна за секој родител кој своето дете нема да го пушти на настава. Неоправданото отсуство на учениците е спротивно на уставот кој ги гарантира правата на децата. Родителите се загрижени од најавениот штрајк. Првпат се случува некој да повикува децата да не доаѓаат на училиште. За нив скандалозно е барањето на претседателот на СОНК , учениците без причина да губат предавања и да бидат учесници во штрајк кој само им носи штета.
Во името на голем број загрижени родители на ученици од 5, 6, 7 одделение, Јакимовски се надева дека наставниците ќе си го бараат решението по институционален пат и нема да ги лишат учениците од настава. Родители пак од основното Кирил Пејчиновиќ револтирани од односот на раководството на СОНК.Велат, казни нема да плаќаме децата мора да одат на настава.
Државниот просветен инспекторат апелираше да не се потпаѓа на манипулации. Основното и средно се задолжително образование во Македонија, ќе се соочат со големи казни сите кои ќе ги лишат децата од нивните основни права.
Министерот Адеми уверува дека општините и министерството ќе се погрижат учениците да не изгубат ниту час од редовната настава.
– Јас сум запрепастен од повикот на претседателот на СОНК кој ги повика учениците во понеделник да не одат на училиште. Запрепастен сум бидејќи тоа е грубо кршење на Уставот и законите. Не е надлежност на СОНК ниту пак на некоја друга институција да ги повикува учениците да не одат на училиште. СОНК може да се занимава само со нивното членство, вели Адеми.
Sitel