Ќе ги исклучат апаратите на младата студентка – почина обидувајќи се да спречи тепачка


Студентката Тугче Албајрак, германка со турско потекло е исклучена од апаратите кои ја одржуваа во живот на нејзиниот 23 роденден, откако на 15 ноември беше нападната и падна во кома.Родителите на студентката Тугче Албајрак вечерва, на нејзиниот 23-ти роденден, ќе ги исклучат медицинските уреди кои ја одржуваат во живот. Лекарите по две недели неуспешна борба, заклучија дека несреќната девојка нема да биде во можност да закрепне.tur1

Тугче (22) беше сериозно повредена на 15 ноември, во германскиот град Офенбах, кога таа се обидела да спречи тепачка меѓу тројца мажи и две девојки во ресторанот на Мекдоналдс.Еден од момчињата осумнаесетгодишниот Санел М, ја нападнал неа и од силата на ударот таа незгодно паднала долу, а во несреќата се здобила со сериозни повреди на главата и паднала во кома.

Санел М. е во притвор, а обвинението против него се уште не е направено поради тоа што не се знае дали ја удрил Тугче со шлаканица или тупаница и дали можел да предвиди  дека би можел да ја убие

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1