Ќе го промени ли таткото на убиената Тијана законот во Србија?


Таткото на убиена Тијана Јуриќ ја предаде иницијативата за промена на законот за пронаоѓање на малолетници по пријава дека се исчезнати. Промената на т.н Тијанин закон предвидува скратување на времето за барање на исчезнатите малолетници и наместо по 48 часа таа да започне веднаш по пријавата на родителите.

tijana tata

За законот да стапи во сила најнапред за него треба позитивно да се изјасни владата, а потоа да се изгласа и во Парламентот.

Јавноста во Србија е поделена по ова прашање. Иако сите сочуствуваат со трагедијата што ја снајде семејството Јуриќ сметаат дека родителите ќе креваат паника и за најмала ситница и ќе ја алармираат полицијата и кога нивното дете нема да се јави на мобилниот телефон или пак ќе излезе со пријателите во кафуле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1