Ќе го убиеме авторот на текстот што Ким го споредува со Хитлер – закана од Северна Кореја


Северна Кореја бесно го демантирала извештајот дека нејзиниот лидер Ким Јонг Ун ги користел мемоарите на Адолф Хитлер за да црпи идеи за своето владеење и се заканила дека ќе го убие авторот на текстот, пренесува Блиц.

kim-jong-unВо написот објавена на сајт што го уредуваат бегалци од Северна Кореја, Њу фокус интернешнел, се истакнува дека Ким им поделил примероци од книгата „Мајн Кампф“ на своите соработници за од неа да ги изучат вештините на раководењето.

Ким наводно го поделил преводот на манифестот на германскиот диктатор на избрани државни функционери за време на прославата на неговиот роденден во јануари, се вели во написот кој се повикува на анонимен севернокорејски дипломат кој е на должност во Кина.

„Истакнувајќи дека Хитлер успеал да ја обнови Германија за кратко време по поразот во Првата светска војна, Ким Јонг Ун наводно издал наредба функционерите до најмалите детали да ја проучат историјата на Третиот Рајх и побарал од тоа да извлечат практични поуки“, се цитира изворот на сајтот.

Приказната денес ја пренеле сите поголеми весници во Јужна Кореја.

Меѓутоа, севернокорејската безбедносна агенција извештајот го нарекла „тројно безобразно злосторство“ кое има за цел да го понижи нивниот лидер и се заканила дека ќе го убие „човечкото ѓубре“ кое стои зад написот.

„Ние сме решени да ги преземеме неопходните мерки и физички да го отстраниме човечкото ѓубре кое го извршило ова предавство“, се вели во соопштението кое го објавила државната агенција КЦНА.

„Валканото човечко ѓубре нема повеќе да може да погледне во небото ниту пак ќе може да најде сантиметар земја за да биде погребен откако ќе завршиме со него“, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1