Археолозите влегоа во центарот на мистериозната Антигонеа


Римски акведукт и центар на град од раната антика открија археолозите во неготинското село Тремник. Широката градска улица и атрактивниот изглед на водоводот ги заинтригираа научниците и ги охрабрија да претпостават дека ги истражуваат остатоците од Антигонеа, еден од македонските антички градови чија локација с` уште е непозната.

arheolozi2Претпоставките досега упатуваа дека градот се наоѓал на локалитетот Градиште над Неготино, каде што пред неколку години беа пронајдени масивни ѕидини и повеќе објекти. Со последното откритие на Тремник се зголеми бројот на локации што треба да се истражуваат и да се трага по доказ на кој ќе пишува „Антигонеа“, пишува Дневник.

Водата с` уште тече низ акведуктот, а преку подземните води се слева до чешмата, неколку метри подолу, од која и денес истекува силен млаз вода. Да, ова чудо на Римјаните и по 2.000 години функционира.

– Откривме римски водовод кој бил изграден меѓу 1 и 3 век. Од едната страна завршувал со фонтана во римскиот храм, кој се наоѓал до денешната црква. На другата страна сигурно продолжува, но треба да видиме до каде. Градбата е висока повеќе од 1 метар, каналот е 60 сантиметри, а горниот ѕид е направен од сполии – отворени пропусти. Освен што ја носи водата од некој извор, собира како каптажа и други води. Долната страна е со хидростатен малтер за да ја држи водата. Прекрасно е изѕидана со тегули (покривни ќерамиди). Овој вид првпат тука го среќаваме бидејќи бил правен специјално за овој акведукт – објаснува Јакимовски.

С` уште е претпоставка

Археолозите претпоставуваат, а акведуктот е еден од нивните адути, дека станува збор за голем град. Исто како денес, и тогаш селата немале водовод.

arheolozi– Според Табула Поитингеријана, знаеме дека јужно од Стоби на 12 римски милји се наоѓа градот Антигонеа. Имаше претпоставки дека можеби е овој локалитет или „Градиште“ кај Неготино. Од Стоби до Неготино има 17 километри, а до Тремник 22 километра. А 12 римски милји се 19,6 километри. Со сигурност не може никој да тврди додека не најдеме сигурен доказ. Уште се хипотези, но според богатството сконцентрирано на овој простор во селото Тремник, најверојатно ова ќе биде таа фамозна Антигона што во науката се бара 160 години и има полемики за нејзината позиција – вели Јакимовски.

Пресмело, но можно

Според него, ова дава можност да претпостават или да размислат уште еднаш за убикацијата на познатиот град Антигонеа, изграден во раноантичкиот период, за кој во науката досега постоеја различни претпоставки, а една од нив е Градиште.

– Можеби е пресмело, но не е на одмет да се размислува за таа идеја, дека можеби се наоѓа токму на локалитетот Чаир Рид – вели Јованов.

Приказната продолжува. Античкиот град на Чаир Рид егзистирал кусо време. Настанал наеднаш, по подредена урбана шема, и наеднаш згаснал. Веројатно со потпаѓањето на Македонија под римска власт, во средината на 2 век пр.н.е.

– За Римјаните, градот го губи значењето и дозволуваат да замре. Го фаворизираат Стоби, кој е во непосредна близина – објаснува Јованов.

Според стратиграфијата, тука се живеело уште во доцното бронзено време, веројатно во два хоризонта, во 15 и 11 век пр.н.е. Просторот бил населен, а за тоа сведочат не само остатоците од населби на Чаир Рид туку и тие на соседниот рид, каде што е откриена некропола од истото време. Екипата од Музеј на Македонија под раководство на археологот Александра Папазова-Санев во изминатите неколку години откри десетици гроба од тој период.

– Во римско време урбаната населба била поблиску до водата, веројатно кај водоводот, каде што има архитектонски елементи од камена пластика, од сакрални објекти од римско време – вели Јованов.

Целата сторија на – Дневник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1