Ќе горат сите земји каде што живеат Албанци – Целта на екстремистите е голема Албанија


Покрај таканаречената ОНА која што преку приштинскиот медиуми  ја презеде одговорноста за нападот врз македонската полиција во Куманово се појави и таканаречаната ГРИ формација која што уште лани се закануваше со воени акции Македонија.

Гардата на „Република Илирида“ преку косовските медиуми ги информирала „сите Албански територии и меѓународната јавност дека сите албански групи и воени формации почнале да делуваат како едно тело за имплементација на Република Илирида. Српскиот весник Телеграф пренесува дека целта на овие воени акции е обединување на сите територии со албанско население и формирање на „Голема Албанија“.panteri ilirida

Агенцијата Фонет пренесува дека албанските радикали од меѓународниот фактор бараат веднаш да ја натера Македонија и нејзините воени и полициски сили да прекинат да користат воени хеликоптери против ОНА. Во спротивно групата се заканува да преземе пропорционални мерки кои што се во строга спротивност со меѓународнните воени конвенции.
Тие го обвинуваат меѓународниот фактор за неспроведување на Охридскиот договор од 2001 година.

„Покрај продолжување на борбата и реорганизација на ОНА и ГРИ што е единствена начин за создавање на Република Илирида , доколку раководството на фалсификуваната држава БЈРМ не прекине да ги репресираат Албанците радикалите се закануваат дека предизвикаат хаос секаде каде што живеат Албанци затоа што меѓународниот фактор не остава простр за поинакво решение“, се вели во соопштението на албанските радикали.

Соопштението на ОНА е потпишано од командант Хамди Ндрецај -Пантер активен учесник во конфликтот од 2001 година и предходно во судирите на Косово и Јужна Србија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1