ЌЕ ИМА БУГАРСКИ ПАСОШИ ЗА МАКЕДОНЦИ – Новите услови нема да ги опфатат македонските граѓани


Иако бугарското државно обвинителство најави дека ќе ги проверува издадените државјанства, но и тековните апликации, медиумите пренесоа дека новите рестрикции нема да ги зафатат граѓаните на Македонија, туку само оние од Косово и од други земји, од каде кандидатите „доаѓаат со бурки, се повикуваат на бугарски корени, а не разбираат ниту еден збор од бугарскиот јазик“.

pasos bugarija

Лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Kрасимир Kаракачанов, разговарал за ова со претставниците на бугарската влада и усно му било потврдено дека новите услови нема да се поставуваат за македонските граѓани.

Каква би била новата филозофија на процесот е нејасно. Но, факт е и дека се намалува бројот на барања за бугарски пасоши. Во бугарското Министерство за правда во првите девет месеци од 2014 година се заведени над 10.000 барања за бугарско државјанство, а во текот на целата измината година имало 17.512. И покрај тоа, Македонците се‘ уште предничат во барањата.

Од 4.578 лица кои добиле бугарско државјанство во првите девет месеци од оваа година, 1.720 се Македонци. Лани 4.852 Македонци обезбедиле бугарско државјанство од вкупно издадените 7.701. Зад Македонците се граѓаните на Молдавија, кои лани добиле 1.613, а годинава 1.063 државјанства, потоа Украинците – лани со 182, а годинава со 797 државјанства, и Србите – лани со 186, односно со 273 државјанства годинава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1