Ќе имаме ли снег и денес – еве ја прогнозата


Наутро сеуште ќе „провејува“ слаб снег на планините, додека низ котлините е можно сосема на кратко и особено слабо да пророси дожд / дожд мешан со снег. Во глобала, претпладнето ќе биде облачно, но суво, објавува МЕТЕОПРО.

Попладне може да се очекуваат нови врнежи, но поради јужното влијание, овие врнежи на пониските места ќе бидат од дожд, а снежната граница на повисоките места ќе се поместува нагоре по висина.sneg 44

Наутро нема да биде особено остудено. Минималната температра воглавно ќе се „држи“ во дијапазонот од -3°С до 0°С во поголем дел од котлините.

Дневната максимална температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 3°С и 5°С,а на повисоките места од 0°С до 2°С. Југоисточниот крај ќе биде потопол, околу 7°С.

Скопје очекува облачно време со усови за слаби врнежи, пред се попладне и околу вечерта. Врнежите би биле претежно од дожд, а во повисокиот дел на скопската котлина дожд мешан со снег. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, а максималната околу 4°С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1