Ќе куртули ли жирантот? – го пријавил пријателот што го зезнал да плаќа кредит место него


Прилепската полиција поднесе кривична пријава против Р.В. (41) од Прилеп за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од септември 2009 до 2012 година, пријавениот побарал од Б.К. од Прилеп да му биде жирант при подигање на кредит од „Извозна и кредитна банка“ Скопје-филијала Прилеп за купување возило, а откако се согласил пријавениот кредитот го подигнал во име на неговата сопруга и не ги плаќал уредно ратите, заради што на Б.К. му била активирана административна забрана на плата во износ од 175.000 денари.

Откако Б.К. од пријавениот и неговата сопруга барал да си го подмират долгот, тие го држеле во заблуда ветувајќи му дека ќе го обештетат во двоен износ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1