Gmail наскоро ќе вклучи опција наречена Google Wallet (Гугл паричник), преку кој многу едноставно ќе можеме да испраќаме и примаме пари по пат на е-маил. Сè што треба да направите е да стиснете на знакот $ за да прикачете пари во маилот кој сакате да го испратите. Исто како што прикачувате документи.
Менаџерот на Google, Travis Green на својот блог напишал дека оваа опција во наредните месеци ќе се појави кај сите корисници на Gmail.