Кети Бесети неодамна дошла до нова, по малку бизарна идеја преку која родителите ќе можат да си го видат бебето во реални димензии уште пред да се роди.
Кети имала идеја да направи 3D фигури од неродените бебиња, за идните мајки да можат да ги држат во рацете уште пред да се родат.
Таа користи модерна технологија со која прави реплики од бебињата со помош на 3D и 4D ултразвуците.
-Замислете да го држите своето бебе во раце пред да се роди. Ние можеме да направиме идентична реплика. Сето тоа го постигнуваме со најмодерна компјутерска графика и 3D технологија, раскажува Кети.
3D бебињата не се воопшто евтини. Постојат три опции: мини, средна и полна големина која чини од 200 до 400 долари.
Во оваа компанија нудат и реплики на бебињата на познатите, па така моделот направен по Норт Вест може да се купи за 250 долари.
Црнобело