Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 18 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Во следните три дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната недела