Полицаец се изживувал врз граѓанин на клиника во Скопје: „Ќе те влечам по улица“


Припадник на полицијата денеска на влезот на Клиничкиот центар во Скопје се изживувал врз поранешниот новинар на А1 и Коха, Фитим Криезуи, кој поради итен случај со неговата мајка сакал побрзо да помине низ рампата за да стигне до Клиниката за кардиологија, објави А1он.
Креизеу раскаал дека го замолил коректно полицаецот да го пушти побрзо и пред лицето кое било на ред, но полицаецот одбил и инсистирал Криезиу да се врати назад.Криезиу за А1он раскажа дека полицаецот се изжуивувал и му се заканувал пред целото семејство, додека сите граѓани кои биле сведоци немо ја следеле ситуацијата.

-Откако ми се закани дека ќе ми напише казна, ми рече дека јас не смеам да му се противам, по што ме фати за раката и уште еднаш повтори дека ќе ме влече по улица. Тука настана голем проблем. Тоа што тој го направи не му доликува на еден припадник на полицијата, сведочи Криезиу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1