Ќе останеме без вода – еве што ја троши најмногу


Иако кај нас водата е речиси најефтиниот природен ресурс, сепак не можете да замислите во кои се производи и колку многу вода е потребно за да се дојде до конечен продукт.

90718_voda-iz-cesme_fПченка, ориз, пченица

Во просек потербни се 1,222 литри вода за да се произведе еден килограм пченка. Пченката, оризот и пченицата се основните продукти во чевечката прехрана, а годишно во светот се произведуваат околу 845 милиони тони пченка. За производство на еден килограм пченка во Германија троши 760литри вода, а Индија поради климатските промени тоши 2.450 литри.

Млеко

Секоја година во светот се произведуваат околу 600 милиони тони млеко, но пред да се измолзе и обработи млекото потребни се околу 1000 литри вода за напојување на кравите и за производство на сточна храна. За производство пак на млеко во прав потербно е пет пати повеќе вода затоа што од едно литро свежо млеко се добиваат само 200 грама млеко во прав.

jajce2Сирење

Сирењето во суштина е траен концентрат од млекото. Таа трајност има своја цена кога ќе се види дека за еден килограм сирење потербно е 10 литри млеко, а да се добие поцврсто сирење потербно е повеќе млеко. На пример за пармезан потербни се околу 16 литри млеко, а рокот на траење му е само две години.
Јајца

За едно јајце потербно е околу 200 литри вода која се троши за преработка и прехрана на кокошките. Најголем дел од јајцата кои се продаваат од кокошки кои се чуваат во кафези и тие не се хранат во природа туку се хранат со пченица и пченка за кои треба дополнително вода.

kafe1Кафе

За производство на кафе во зрна виртуелната потрошувачка на вода е околу 130 литри вода. Во целиот свет годишно за производство на кафе се трошат околу 85 милијарди кубни метри вода.

Пилешко

Во месната индустрија одгледувано пиле просечно живее 38 дена. За тоа време пилето треба да се храни со житарици и вода. Најголем дел од пилињата кои се продаваат во месарите потекнуваат од кланици од кои масовно излегуваат пилиња а за еден килограм потербни се 4.325 литри вода.

Извор – DW

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1