Ќе пијат вино или ќе водат љубов? Што ќе праватнашите јавни личности


Кој празник ќе го слават нашите јавни фаци, Св.Трифун или Cв.Валентајн? Дознаваме што ќе подарат, што ќе пијат и како го доживуваат 14-ти февруари. 

lila-filipovska1-260x195● Јас ги сакам и почитувам сите празници па затоа ќе ги прославувам и двата. Дента ќе бидам на закројување на лозје кај едни пријатели и ќе пијам вино прославувајќи го Св.Трифун, а вечерта со моето друштво ќе излеземе и ќе пиеме повторно вино во некој убав ресторан. Љубовта ја прославувам секој ден, ни изјави Лила.

Пејачот Димитар Андоновски вели дека и на двата празника им дава значење.

● Оваа година заедно со Ламбе Алабаковски правиме концерт во Народниот театар во Битола по повод двата празника, вели Андоновски.

Александар Билјановски- Дадар, оваа година е професионално ангажиран и заминува на пат.hitportal-dadar-260x191
● Нема да го славам ни едното ни другото, но се надевам дека ќе се напијам чаша црвено вино и ќе мислам на љубовта. Среќен празник на сите, честита тој.

На ова прашање, одговор добивме и од Мартин, едната половина од дуото Некст Тајм. Тој ни рече дека нема да слави ниту еден од овие два празника затоа што ниту има девојка за славење, ниту желба за пиење.

● Такви празници не постојат во мојот календар, ни изјави тој.

Што ќе слават и други наши јавни фаци прочитајте на – Точка.ком.мк

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1