Ќе поевтинат бебешка опрема и училишен прибор – најавено помало ДДВ за нив


Намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за училишен прибор и бебешки производи е мерката која е предвидена во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на младите семејства, а која стапува на сила годинава и ќе трае 365 дена.

pelene-bebi-oprema-oprema-za-bebe-1377300338-356475Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес истакна дека со овие мерки предвидени во новата програма на партијата најдиректно ќе им се помогне на младите семејства.

-Ќе се помогне преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за набавка на училишен прибор. Тоа е многу подобро и покорисно решение од мерката на СДСМ за еден викенд во годината без ДДВ за училишен прибор. Ние ќе овозможиме цела година, 365 дена во годината, набавка на училишен прибор со повластена, ниска стапка на ДДВ од 5%. Намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за набавка на бебешки производи. Ова е голема поддршка на младите родители, кои по пониска цена ќе може да набавуваат се што е потребно за бебињата: колички, пелени, и се друго, исткна Ставрески.

Тој посочи дека ќе има намалување на каматните стапки во проектот Купи куќа купи стан, и тоа првите три години наместо досегашните 4,9% каматната стапка ќе изнесува 3,95%, а во четвртата и петтата година наместо 5,5% ќе изнесува 4,44%.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1