Секоја година во наредната деценија ќе се зголемува акцизата за цигарите, со што тие двојно ќе поскапат.
Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголеми за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, пак, оваа стапка цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година.
Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе се продаваат за 90 денари или речиси двојно повеќе од сега.