Ќе се бара нафта во Македонија – геолошки истражувања ќе се вршат на 20 локации


Владата одобри 20 локации за детални геолошки истражувања и 6 за еклоатација на минерални суровини. Според министерот за економија, Ваљон Сарачини инвеститорите за најдоцна 30 дена ќе треба да уплатат 35 милиони денари од кои најголемиот дел ќе завршат во општинските каси. Овие локации се добиени по пат на јавно наддавање кое за прв пат е реализирано електронски.

Bakken-oil„Овие истражувања се особено применливи доколку се сака да се добијат податоци за присуство на нафта и други видови на енергетски и минерални суровини, но исто така се доста значајни и за истражување на металични минерални суровини. По завршување на проспекциските истражувања, концесионерот има право да поднесе барање за доделување на концесии за детални геолошки истражувања за најмногу до 2,5 % од доделената површина за проспекциски истражувања“,објасни министерот Сарачини.

На новите 26 локации се очекува во наредните пет години инвеститорите да вложат 700 милиони денари. Тоа ќе придонесе и кон отварање на 150 нови работни места бидејќи за секоја концесија предвидено е да се ангажираат најмалку четири работници.

Како најатрактивни локации, министерот ги посочи локациите за истражување на металични минерални суровини, злато, сребро и бакар, но исто така  и локации за истражување и експлоатација на неметалични минерални суровини, како и за украсен камен (како што се за гранит, мермер и др)

Македонија лежи на нафта – нашле уште во времето на Југославија? 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1