Потрошиле 50 милиони евра без да објават тендер


Државни органи и институции само во периодот јули-септември 2013 година потрошиле 21,3 милион евра на набавки со директно преговарање и без да се објави оглас, пишува Нова Македонија

Јавни набавки се договараат во четири очи

evra Центарот за граѓански комуникации го претстави најновиот извештај од мониторингот на јавните набавки во третиот квартал годинава, според кој вредноста на договорите склучени преку оваа нетранспарентна постапка изнесува 21,3 милион евра. Збирно, во првите девет месеци од 2013 година вредноста на овие договори изнесува 47,7 милиони евра.

Во Центарот за граѓански комуникации информираат дека во речиси една третина од мониторираните тендери договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач.  Во третиот квартал од 2013 година секој четврти тендер бил неуспешен.

Оттаму информираат дека во периодот на мониторингот, осум фирми добиле забрана за учество во јавните набавки и на таканаречената црна листа, заклучно со септември 2013 година, се наоѓаат вкупно 33 фирми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1