Ќе се бришат камати од долгови за комунални услуги


Пратениците и од власта и од опозицијата дадоа зелено светло да се донесе закон за отпис на камати од долгови за сметки од комунални услуги. Со амандмани денеска се допрецизираше дека законот ќе важи за сметките за радиодифузија, но и за фиксна и мобилна телефонија, кабелски оператори, одржување на заеднички простории во згради, наводнување и одводнување на земјоделски површини.

Законот ќе предвидува сите јавни претпријатија или приватни компании кои даваат услуги да го прифатат решението за отпис на каматите. Потоа граѓаните во рок од 12 месеци треба да го платат основниот долг кон нив, но и долговите кон нотарите, адвокатите и извршителите, а потоа ќе им бидат одмрзнати евентуално блокираните трансакциски сметки.

„Ние имавме фронтално усогласување и на јавните доверители, имавме одлична соработка со ЕВН и со Т-Мобиле, со мобилните оператори кои се најголемите доверители, како и со голем број на општини и јавни комунални претпријатија“, рече Панчо Минов, Предлагач на законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1