Ќе се дели имотот на Тито – има и камен од Месечината!


Првиот основен суд во Белград го примил извештајот за направениот попис за имотот на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито и го доставил до наследниците, а копија од добило и семејството на кралот Караѓорѓевиќ

Судската постапка за поделба на имотот почнала на барање на покојниот син на Тито Жарко, на 14 декември 1983 година.

josip_broz_titoПретходно било донесено решение за наследството на Јосип броз Тито, но неговата сопруга Јованка го оспорила тоа решение, а во 2000 година било прогласено и за неуствно. Јованка Броз, која се наоѓа во тешка здравствена состојба, порано имала поднесено повеќе барања за поделба на имотот. Таа како своја сопственост ги има наведено повеЌе скапоцени предмети: бисери и друг накит, скулптури, слики, вазни, теписи, книги, пет автомобили од гаражата на белиот двор и две од гаражата во Бриони („ролс-ројс“, бел „кадилак“, линколн“…)

Јованка вели дека имотот го стекнала во брачна заедница со Тито, а за накитот вели дека го добивала од кумовите и пријателите. Некои од нив ги добивала на подарок од Тито, а за некои навела дека сама ги купувала.

На списокот на предмети кои треба да се поделат се наоѓаат: скап мебел, длаборези, антички монети, златници, украсни игли со брилијанти, рубини, порцелански предмети, скапи часовници…  Во трезорот на Тито останал и орденот на Суворов, со милионска вредност, а него го поседувале само Сталин и Жуков. Тука е и каменот од Месечината, подарок од американските астронаути.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1