Ќе се градат конаци во Курбиново?!


Манастирската црква Свети Ѓорги во Курбиново,  која ја има најстарата македонска фреска Ангелот од Курбиново ( ставен и на банкнотите од по 50 денари) наскоро ќе добие конаци.
Така велат некои наши неофицијални податоци. Градоначалникот на Ресен Михаил Волкановски неодамна отишол во тајна посета и се сретнал со неколкумина од селото, за да преговара за дозвола од селаните за изградба на конаци.  Тој им ветил и дека ќе го направи патот до манастирот, кој не е асфалтиран, и дека со асфалтиран пат ќе го поврзе и овој и Слимчкиот (Сливничкиот) манастир.
Оваа информација стигна на само неколку дена откако во медиумите како бомба одекна веста за негрижата на манастирот и за оштетувањето на вредната и најстара фреска, која доаѓаат да ја видат луѓе од разни земји на светот.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1