Ќе се гради висечки мост на Матка


Градот Скопје го избра Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар Партнерс“ од Скопје за изработка на проект за инфраструктура со варијанти на идејни решенија за пешачки мост преку езерото „Матка, со вклучена ревизија и изготвување на основен проект за инфраструктура на идниот објект.

Matka-nova-500Друштвото има рок од три месеци за да ја изготви потребната документација, за што ќе добие 1.026.600 денари или околу 16 илјади евра, пренесепорталот Буилд.мк

Висечкиот пешачки мост треба да им овозможи пристап на посетителите на Матка до пештерите Врело, Крштелна и Убава. Остварувањето на оваа идеја се одложува веќе неколку години од страна на градската управа поради сложеноста на теренот за градба и висината на финансиските средства која во минатото претставуваше главен проблем. Покрај идниот пешачки мост, за пристап до него е предвидена и патека во должина од четири километри.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1