Телото го нашла 19 год ќерка – прошталното писмо ќе открие зошто се самоуби бизнисменот од Штип?


Бидејќи истрагата се’ уште трае, полицијата не може да каже дали се работи за убиство или за самоубиство. Во капелата беа забележани попови од Брегалничката епархија, но на крајот, сепак, одлуката беше дека тие нема да вршат никакви обреди. Тоа за присутните беше знак дека до црковните лица пристигнала информација дека во случајот со Даскалов не се работи за убиство, што до тогаш не се отфрлаше како можност, туку оти се работи за самоубиство, а во такви околности, според христијанските канони црквата не учествува во погребната церемонија.

biznismenВчера се дозна и тоа дека Горан Даскалов имал прострелна рана во пределот на слепоочницата, но и дека покрај неговото безживотно тело било пронајдено проштално писмо адресирано до неговото семејство. Останува големата дилема дали кога било семејството ќе сака да ја открие тајната за оваа нивна голема трагедија, односно дали јавноста некогаш ќе ја дознае причината која го натерала познатиот бизнисмен, политички активист на ВМРО-ДПМНЕ и спортски работник, да крене рака на себе.

Тој пред неколку месеци магистрирал економија на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе и, според она што го слушнавме од неговите пријатели, имал големи планови за својата иднина и за иднината на своето четиричлено семејство, сопругата која е вработена во локалната самоуправа и двете ќерки. 

4D111E176CCD794EA15591FCA73CD155Како една од најверојатните причини за самоубиството на бизнисменот најчесто се споменуваат неговите финансиски проблеми. Излез од финансиските маки Даскалов подолго време барал во продажба на неговата семејна викендичка во Суитлак каде што многу богати штипјани имаат раскошни куќи. Откако не нашол купувач за цената која ја барал, се откажал од намерата со надеж дека преку работата ќе може да спечали доволно пари за излез од финансиската криза. Но, дали сето тоа е точно, засега нема потврда од никоја релевантна страна.

Инаку, кога на местото на настанот дошла полицијата веднаш била направена парафинска ракавица за да се види дали на раката на покојниот има честички од барут од истрелот. Но, било заборавено да се земат отпечатоци од неговите палци, а тоа беше направено пред самиот погреб кога телото на покојниот беше извадено од ладилникот во капелата.

Вчера, речиси веднаш по погребот од штипската полиција беше испратено соопштение до медиумите околу овој случај. „На 4 март годинава во 10,30 часот во полициската станица Штип дојде лицето М.Д. (19) и пријави дека околу 10,25 часот во семејната викендичка го нашла безживотното тело на својот татко. Истрагата за овој случај е во тек“, стои во соопштението од полицијата.

Utrinski Vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1