Ќе се греат на лушпи од сонлчоглед – отворена Био електрана во Србија


Термоелектраната и „Панонска електрана“ од Сремска Митровица, од петокот, за производство на топла пареа и греење на градот како енергенс, користи биомаса масло од сончоглед, и отпад од „Викторија груп“ во Сид.


srb-s-mitrovica_620x0До петокот становите и сите деловни простори во Сремска Митровица, беа затоплувани од природен гас. Сепак ЕПС почна оваа есен со инсталација на нов котел од 18 MW, кој ја користи биомасата како енергентски извор, а вкупно досега има инвестирано 2,5 милиони евра.
Ставањето во функција на новиот котел во Митровица, Бојан Пајтиќ, претседателот на владата на Војводина, истакна дека во наредните четири години, во осум топлани и термоелектрани ќе бидат инсталирани котлови на биомаса, кои би требало да заштедат енергија од 20 до 40 проценти. Со изградба на овие електрани ќе се вработат околу 50 луѓе.
Со овој проект Сремска Митровица ќе добие евтина топлинска енергија за греење на 3500 станови и 80,000 квадратни метри на канцелариски простор.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1