Ќе се има ли пари за зимница? – пиперки 30 ден, карфиол 80 – цените до небо


Пиперки за ајвар по најмалку 30-40 денари за килограм, домат од 30 до 50 денари, карфиол по 80-90 денари, боранија 50 денари, зелка 20 денари за килограм… Цената на зеленчукот на зелените пазари и по маркетите никако да се спушти на пониско ниво пред вообичаените набавки за зимница. Граѓаните на шега коментираат дека повеќе им се исплати да прават мармалад и слатко за зимница отколку ајвар или туршија.

ajvar2-630x472– Ние сме народ кој традиционално прави зимница. Но со оглед на високите цени на зеленчукот на зелените пазари тешко дека годинава ќе можам да си дозволам толкави количини колку што сум правела на времето. Мислам дека годинава зеленчукот не се спушти под половина евро. За разлика од тоа, праските, сливите за џем и за компоти се наоѓаат и по 20 денари. Не знам дали годинава на некого ќе му се исплати да прави зимница – коментира Јасмина од Скопје.

Доматите од 30 до 50 денари за килограм, пеперките од 25 до 35 денари за килограм, корнишоните од 50 до 60 денари, а исто толку и карфиолот, тетовскиот грав за 200 денари за килограм, ова се цените по кои се продаваат дел од производите на зелениот пазар во Тетово. Поради овие превосоки цени за плиткиот џеб на граѓанинот секое речиси секое тетовско семејство е во дилема дали и колку да прави зимница оваа есен.

Високите цени неприфатливи и за продавачите кои се жалат дека не можат да ја продадат стоката. Бидејќи најголемиот број од нив се прекупци, кои производите ги купиле по високи цени, како што велат не можат многу да влијаат на формирањето на цените. Некои од продавачите на овошје пак сметаат дека цените на овошјето се пониски од ланските, па сепак купувачи нема.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1