Ќе се плаќа кирија за неоткупените дворови


Граѓаните кои во следните девет месеци, во продолжениот рок, нема да успеат да ги откупат дворните места по цена од 1 евро за метар квадратен, ќе треба да потпишат договор за закуп со државата, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МИА.

Skopje-Carsija65666-630x417Според Ставрески, дополнително треба да се утврди надомест за закуп од кој 20 отсто од средствата ќе бидат за буџетот, а 80 проценти ќе одат во општината каде се наоѓа земјиштето.
“Би сакал да посочам дека се направени сите можни отстапки досега.

На два пати е продолжен рокот за откуп на дворните места, цената е симболична – едно евро за метар квадратен, а дополнително ќе ги олесниме и процедурите за откуп со новите законски измени, односно ќе биде дадена можност да се приватизира земјиштето под објект во случаи кога нема донесено детален урбанистички план или друг акт со кој се дефинира градежната парцела”, вели Ставрески.

Според Ставрески, Владата даде уште една можност за откуп на земјиштето бидејќи по декември 2012 година кога истече претходниот рок за откуп, пристигнаа 1.970 нови предмети за откуп на дворно место.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1