Шок во Венецуела: Бившата мис и нејзиниот сопруг убиени пред очите на 5 годишната ќерка


Актерката и фото – модел Моника Спер Моц, некогашна најубава девојка на Венецуела и нејзиниот сопруг, ирски државјанин, убиени се во Венецуела, објави „Индипендент“.

misica2_626168S0Како што пренесува весникот, нивниот автомобил се расипал на автопатот меѓу Пуерто Кабелја и Валенција и се претпоставува дека се убиени додека покрај патот чекале влечна служба.

Други извори тврдат дека врз автомобилот било пукано во возење, а трети дека прво имале сообраќајна незгода, па биле убиени откако застанале на патот.

Очевидец на настанот е нивната петгодишна ќерка која била во возилото. Девојчето има полесни повреди на нозете и е префрлена во болница.

misica_626167S1Полицијата потврдува дека истрагата е во тек и смета дека мотив за убиството е грабеж.

Моника во родната земја беше популарна како екс топ модел, но и по улогите во многу успешни телевизиски „сапуници“.

Титулата мис на Венецуела ја освои во 2004 година.


Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1