Ќе се поедностават процедурите на граничниот премин Табановце- Прешево


Македонија и Србија се договорија за поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај Табановце- Прешево.

granica carina tabanovce mk

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце- Прешево ја потпишаа ресорниот министер Миле Јанакиески и потпретседателот на срапката Влада и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура Зорана Михајловиќ, во рамките на денешната заедничка седница на владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје.

– Оваа Спогодба ќе придонесе за скратување на времето на задржување на возовите за да се зголеми конкурентноста на железничките услуги за двете земји.  Ова само ја покажува силната заложба на Република Македонија и Република Србија за фер и конкурентски услови, како и забрзан проток на стока и патници за овој вид сообраќај, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1