Ќе се прави 8 светско чудо?


74 годишниот бугарски државјанин Христо планира да го направи најголемиот споменик што човештвото некогаш можело да го види.

 

Од 410,000 буриња со нафта тој сака да го направи осмото светско чудо. Дури и пирамидата Газа во споредба со ова ќе изгледа малечка.
Проектот кој што тој го нарекува Мастаба Христо планира да инвестира 265 милиони евра, а изградбата би требало да биде околу 150 метри. Овој проект ќе се изведе во пустината на 160 километри оддалеченост од Абу Даби.

Идејата за овој проект уметникот ја добил пред 30 години инспириран од шарениот пустински песок, но поради конфликт на интереси бил спречен за негова реализација. Со овој проект Абу Даби би можел да стане светски центар на уметноста и културата. Владетелите на оваа земја веќе ја одобрија изградбата и му го доделија парчето место кое што е предвидено за изградба.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1