Ќе се прекине употребата на банкнотите од 500 евра?!


Шефот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) – италијанскиот обвинител Џовани Кеслер, предложи да се прекине употребата на банкнотите од 500 евра, пишува Deutsche Welle.

500 evra
Тој изрази сомневања во врска со потребата на банкноти на оваа вредност. Според Кеслер, отфрлањето на 500-те евра значително ќе го комплицираат животот на измамниците и корумпираните службеници.

Европската централна банка, која е одговорна за издавање на еврото, не го коментира предлогот на Шефот .
Во 2013 година многу од германските експерти веќе повикуваа да се откаже најголемата банкнота на Европа, тврдејќи дека од неа потреба имаат само криминалци , корумпираните државни службеници и оние кои кријат даноци.

Потоа од ЕЦБ изјавија дека за идејата „сигурно треба да се разговара”.

На крајот на 2015 година 500-те евра претставувале 3% од вкупниот број на банкнотите во оптек, што претставува 28% од вкупните трошоци.

Неодамна пишувавме дека во 2015 година во ЕУ е се откриени рекорден број фалсификувани банкноти. Вкупно 899 000 банкноти биле запленети што е со 60 илјади повеќе од 2014 година .

Најчесто фалсификувани пари во светот се банкнотите од 20 евра – во втората половина на 2015 година тие изнесуваат 46,2% од запленетите фалсификати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1