Ќе се промовира необјавен спот на Тоше Проески снимен пред 8 години


Спотот кој најголемата музичка ѕвезда Тоше Проски го снимил пред 8 години за песната „Жао ми је“, ќе биде претставен пред македонската публика во наредниот период, пренесе Дневник.

toseСе работи за спот снимен пред осум години во кој се појавува и поранешната мисица на Македонија, Сара Леши.

– Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие не` прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната „Лажем те“ и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видео издание. Моментно се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи „Аворд продукција“, вели Славен Ристески од интернационалната фондација „Тоше Проески“ за Дневник.

Тоа е единствената композиција од албумот на Тоше од 2005 што нема македонска верзија.

Оваа песна многу му се допаѓала на Тоше па затоа и бил веднаш направен видео запис за неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1