Ќе се пржиме – температурата до 37 степени – УВ индексот 9


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.  Ќе дува умерен, а на повисоките места и на планините засилен ветар од јужен и југозападен правец.

toplo-vremeУтринската температура ќе се движи од 14 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Во Охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветар. Температурата ќе достигне до 29 Целзиусови степени. Во Дојранскиот регион ќе биде сончево со умерен јужен ветер и со температура до 37 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, но сепак во одделни денови во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со можни ретки грмежи. Температурата на повеќе места ќе има тенденција на благо опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1