Ќе се снима полагањето на возачки испит


Со денешното започнување на примената на новиот Правилник за спроведување на возачкиот испит, односно неговиот практичен дел којшто ги опфаќа полагањето на полигонско возење и т.н. градско возење, заедно со измените што веќе се имплементирани во делот на теоретскиот испит всушност ја заокружуваме реформата во сферата на полагањето за возачка дозвола а со едниствена цел да се зголеми знаењето, вештините и безбедноста во управувањето со возилата на кандидатите за добивање возачка дозвола“

VOZACKAОва, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска при посета на Испитниот центар за полагање на возачки испити во Велес, а токму по повод стартот имплементацијата измените во Правилникот за практично полагање на возачкиот испит коишто од денес стапуваат на сила.

Меѓу низата новини во Правилникот, на прво место беше посочено задолжителното снимање (аудио и визуелно)на целиот тек на практичниот испит, односно на двата дела – полигонско и градско возење, односно документирање на преземените дејствија од страна на кандидатите за добивање возачка дозвола, при што снимките ќе бидат архивирани 30 дена од денот на полагањето на практичниот испит за стекнување возачка дозвола.

На овој начин целосно ќе се елиминира секаков субјективен фактор од страна на испитната комисија при полагањето, а истовремено на кандидатите ќе им се даде можност доколку сметаат дека имаат приговор по однос на оценувањето за таа цел да ги искористат како евентуален аргумент сниманиот материјал.

Покрај ова согласно Правилникот направени се измени и во делот на времетраење на практичниот испит, така што времето на тестирањето на т.н. градско возење се зголемува од 15 на 25 минути а не подолго од 40 минути.

Оваа новина се воведува пред се заради поточно утврдување на знаењеа и вештините на кандидатот за возачка дозвола, односно неговата подготвеност самостојно и безбедно да управува со моторно возило, а согласно практиките во земјите од ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1