Од снимањето на првиот дел на култниот „Топ Ган“ поминаа речиси три децении, а наскоро ќе започне и снимање на ново продолжение.
Главната улога ја имаше Том Круз, кој и овојпат ќе се појави како пилотот Маверик.
Тој вели дека е многу возбуден околу овој проект, но признава дека има неколку грижи кои го мачат.
– Ќе биде забавно да видиме како ќе се однесувам пред камерите 30 години откако го снимивме првиот Топ Ган, изјави актерот кој е загрижен околу тоа дали ќе биде доволно секси.
Том веднаш прифати да го снима продолжението на иконскиот филм и да го глуми секс симболот од средината на 80-тите.