Ова суштество убива се пред себе (Видео)


Станува збор за грабливата пругаста жаба ловец, чие што латинско име е “Antennarius striatus”. Рибата е кратка и дебела, меѓутоа истата понекогаш може да го прошири своето тело, добивајќи нетипичен облик за една риба.

zabaОдредени врсти се целосно камуфлирани, што им овозможува да се заштитат од непријателите, но и полесно да го намамат пленот.

Многу видови можат и да ја променат својата боја, а дел од нив се прикриени и со други организми, како што се алгите. Во согласност со својата камуфлажа, овие риби се движат бавно, го демнат пленот, а потоа неверојатно брзо го напаѓаат… Нивниот напад трае неверојатни 6 мили секунди.

Постојат само неколку траги од фосили на жабите ловци, но познато е дека тие потекнуваат од Алжир, од добата на миоценот.

Видеото кое што го направи Хосе Лачат, а кое го претставува ова животно, ја освои наградата “Prix de ‘l Insolite”, признание за невообичаено дело, на Меѓународниот фестивал на подводни слики кој се одржа во градот Антиба во Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1