Ќе се снимаат нови епизоди на серијата „Твин Пикс“


Откако неколку дена неофицијално се најавуваше дека е можно снимање на нови епизоди на серијата „Твин Пикс“, Дејвид Линч и Марк Фрост синоќа конечно потврдија дека култниот серијал ќе се врати на малите екрани.twin peaks

Линч на својот профил на Твитер објави дека новите епизоди нема да бидат римејк на популарната серија како што се претпоставуваше, туку продолжение на приказната сместена во денешно време.

На почетокот се разамислувало оригиналната серија да има само осум епизоди, но поради огромната популарност таа беше продолжена на 22 епизоди во втората сезона. Првата епизода е прикажана во април 1990 година, а од последнто прикажување на хит серијата поминаа 23 години.

„Твин Пикс“ освои три Златни глобуси и голем број номинации за наградата Еми.

Премиерата на продолжението е најавена за 2016 година, точно 25 години од прикажувањето на последната епизода, токму така како што духот на Лора Пламер најави со зборовите: „Се гледаме повторно за 25 години“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1