Трогателно писмо на дете чии родители се разведуваат


Ова писмо стана вистински интернет хит, а неговите зборови допреа до неговите родители. Ова е доказ дека децата и тоа како знаат кога нешто не е во ред, ова момче сите зборови ги преточил во силни емоции.dete

– Драги мама и тато, знам дека патите, а и јас патам. Се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, страв и шок. Иако сум малечок и не можам вербално да опишам што ни се случува на нас во животот, тоа го чувствувам. Срцето ми се крши секој пат кога мора да се одречам од родителите. Моето чувство за сигурност исчезна.

Ве молам да не помислувате дека јас сум отпорен. Немојте да мислите дека животот ќе ми биде како порано и да продолжам исто да ве сакам вас двајца. Ја сум човечко суштество исто како и вас. Моите потреби се исти како и вашите, ми треба љубов, внимание, нега, стабилност, доследност, наклонетост, разбирање, трпеливост. Кога се расправате за мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми испраќате порака како победата од расправијата е поважна од мојот живот.

Учам од вас дека подобро е да се биде во право отколку да се сака, ме учите дека ме создала личноста која не знае да сака и која е погрешна и да сум и јас некако погрешен. Можеби не го разбирате ова денеска, а јас сум толку мал и не размислувате за мојата иднина, но поради вас големи се шансите и јас да бидам разведен… Мојата сигурност е ваша работа, без вас и без вашата сила нема кој да ме чува од светот, пишало ова момче.

Неговото писмо допре илјадници срца и е вистински доказ дека иако се децата мали, разбираат и гледаат се што се случува околу нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1